Синот на Аркан тешко повреден во сообраќајна незгода

Војин Ражњатовиќ (30), синот на Жељко Ражњатовиќ Аркан е тешко повреден во сообраќајна несреќа во Калифорнија, објавија српските медиуми.

Според нивните информации син на Аркан, од бракот со Наталија Мартиновиќ, со неговиот автомобил марка „Хјундаи Санта Фе 2013“ удрил во столб во близина на океанот.

Ражњатовиќ се здобил со повреди на левото рамо, градите и десниот зглоб, а во моментот на несреќата бил сам во автомобилот. Веста дека се опоравува од тешката несреќа, сам ја споделил на свпјот профил на Фејсбук, додавајќи дека автомобилот бил целосно уништен.

]]>

Најчитани вести