Кривична за скопјанец зашто се обидел да поткупи полицаец

СВР Скопје со кривична пријава го предаде М.Ф. (25) до Основното јавно обвинителство поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „давање поткуп“.

На 19-ти февруари годинава околу 18:30 часот, полициски службеник кој со двајца приправници извршувал службени дејствија, на раскрсницата на улиците „Христо Татарчев“ и „Божидар Аџија“ пред „Шпаркасе банка“, запрел патничко моторно возило „Фолксваген голф“ кое сторило сообраќаен прекршок. По проверката на документите, полицаецот констатирал дека сообраќајна дозвола за возилото е со истечена важност. Ф.М. извадил 500 денари и му ги понудил за да не му пишува казна. Полицискиот службеник го предупредил дека тоа е кривично дело, но Ф.М. му ги ставил парите во сообраќајната дозвола, која била во рацете на полицискиот службеник, по што веднаш бил лишен од слобода и доведен во Полициската станица Кисела Вода.

Со спогодба Ф.М. е осуден на една година затвор, условно за три години. Издаден му е и платен налог во висина од 500 евра, во денарска противвредност.

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника