(ВИДЕО) Овој човек побрзо типка со носот отколку со прстите

Мохамед Хусеин Куршин влезе во Гинисовата книга на рекордите за брзо типкање со нос.

Неговиот рекорд е запишан во Гинисовата книга, откако за само  47,44 секунди напиша реченица од 103 карактери и на тој начин го надмина претходниот рекордер за речиси половина минута.

Хусеин еднаш веќе влезе во Гинисовата книга, кога за 3,43 секунди со носот ја напиша целата англиска азбука, по што доби предизвик да го собори рекордот на неговиот сонародник, Индиецот Нида, кој за една минута и 33 секунди ја истипка реченицата „Гинисовата книга на рекорди ме предизвика со носот да ја напишам оваа реченица во најкраток можен рок.“

– Ова е втор пат да бидам предизвикан во оваа дисциплина. Пред неколку месеци јас ја напишав оваа реченица за 54 секунди и добив награда за успехот – рече Хусеин.

Погледнете го видеото:

]]>

Најчитани вести