Во „Лепак“ уапсени братучед на заменик министер за економија, внук од брат на претседателот Борис Трајковски, како и зет на советничка на ВМРО ДПМНЕ во Струмица

Меѓу 13-мината приведени вчера, се и внукот (од братот близнак) на поранешниот претседател Борис Трајковски како и зетот за ќерка на актуелна советничка во Советот на општина Струмица, од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Сомненијата од неколкумесечната примена на посебните истражни мерки укажуваат дека членовите на оваа група само при документираните случаи, успеале да се стекнат со противправна имотна корист во висина од неколку милиони денари. Колкав е целосниот профит од незаконското работење изминативе години може само да се претпостави. Веројатно како следна фаза на истрагата, доколку процени надлежниот јавен обвинител, ќе следи проверка на потекло на имотот на службените лица. ]]>

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести