Од две училишта во Скопје и Скопско викендов украдени се десетина компјутери, соопшти МВР.
Во периодот од 7 до 9 март, во ПОУ „Дрита“ во с.Копаница, скопско, непознат сторител со употреба на погоден предмет извршил тешка кражба во училница од вториот кат, при што одзел шест компјутери „хариер“.
Втората кражба е пријавена денеска изутрина во 06,30 часот во Полициската станица Гази Баба, а се случила во ОУ „Крсте Мисирков“, лоцирано на ул.„Сречко Пужалка“. Имено, непознат сторител извршил тешка кражба, при што одзел три компјутери.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на двата случаја и пронаоѓање на сторителите.
]]>


