Дваесет и деветгодишниот Ј.Ц. од Велес загина во сообраќајна несреќа, која се случила утрово околу 5 часот на улицата „Благој Ѓорев“.
Портпаролката на СВР Велес Анита Стојковска информира дека Ј.Ц. управувајќи моторцикл марка „квинки“ од засега неутврдени причини изгубил контрола и удрил во земјен канал за атмосферски води. Од здобиените повреди тој починал на лице место.
Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и увидна екипа на СВР Велес. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина.
]]>


