7 трикови за убавина со јаболков оцет

Здрава коса Јаболковиот оцет е одличен за вашата коса бидејќи го спречува скалпот во прекумерно создавање на маснотии, а и одлично ги обликува вашите локни. Најдобро е малку оцет да измешате со три пати повеќе вода и да ставите неколку капки есенцијално масло од рузмарин. Нежно масирајте го коренот и потоа исплакнете. Косата ќе ви биде сјајна и ќе се ослободите од првутот. Траен маникир За манакирот да ви трае подолго прво потопете ги вашите нокти во јаболков оцет околу една минута, дозволете им да се исушат, а потоа следете ја нормалната процедура. Тој ќе ги тргне мастите од ноктите и лакот ќе може подобро да се нанесе. Тоник за лице Помешајте 2 лажици јаболков оцет со 2 шолји вода и со памукче нанесувајте на лицето. Правете го ова неколку пати во седмицата. Третман за акни Ако барате брз, евтин и ефикасен третман против акните, тогаш направете смеса од јаболков оцет, мед и пченично брашно. Нанесете на воспалената ареа и оставете да отстои во текот на ноќта. Откако ќе исплакнете утрината црвенилото ќе биде исчезнато, а отокот намален. Релаксирачка бања Додавањето на една, две капки јаболков оцет во вашата када при бањањето ќе ви помогне во отстранувањето на токсините од телото. За релаксирачкото чувство да биде уште подобро додадете неколку капки масло од лаванда. Бели заби Јаболковиот оцет со своето антисептичко дејство е одличен за миење на устата и уништување на бактериите што го предизвикуваат лош здив. Тој исто така ќе ви ги отстрани дамките од забите ако директно ги триете со него, а потоа исплакнете со вода. Побрз метаболизам Пиењето една две лажици јаболков оцет неколку пати на ден помешан со вода ќе ви го забрза метаболизмот, ќе ги разбие маснотиите и ќе ви го намали ризикот од инфекции.]]>

Најчитани вести