Пилотот на исчезнатиот авион за време на летот се фотографирал, пушел и гледал во дланките на патниците

Фарик Абдул Хами (27), пилотот на исчезнатиот малезиски авион за време на летот го прекршувал протоколот и повикувал патници во пилотската кабина со кои се фотографирал, пушеле пури и им гледал во дланките, открива Хералд сан. pilot3Џонти Рос и Џaн Маре се две од многуте патници кои биле повикани во пилотската кабина во текот на летот од Пукет во Куала Лумпур. Рос изјавила дека таа, Маре и илотот во кабината пушеле пури и се фотографирале во текот на летот. Таа додала и дека во еден момент пилотот ѝ ја зел раката на нејзината пријателка за да ѝ гледа во дланка и да ѝ ја предвиди судбината. pilot2Овој инцидент се случил во декември 2011 година, кога Рос со својата пријателка патувала кон  Куала Лумпур. Таа изјавила дека еден стјуард ги повикал да појдат во кабината и во текот на летот, а пилотите целото време го потрошиле со нив. Но, и покрај тоа, таа во ниту еден момент не се чувствувала загрозено.

– Се чувствував безбедна. Во ниту еден момент не почувствував опасност, или помислив дека тие не знаат што прават.  Беа многу пријателски расположени, изгледаа многу сигурни и оставаа впечаток дека знаат што прават, изјавила Рос.

Таа додала дека ѝ пречело што тие пушеле толку многу во толку мал простор , но не можела да им каже на пилотите што да прават.

Судбината на малезискиот авион се уште е непозната, иако малезиската војска објави дека му влегла во трагата. Во него имало 239 луѓе, а Хами бил копилот на овој лет.

]]>

Најнови вести

Најново од Топ Вести

Најчитани вести