Николовски: Во следните четири години ќе вложиме РЕКОРДНИ една милијарда и триста педесет милиони евра зa агросекторот!

Дадовме збор дека земјоделците ќе имаат поддршка за зелена нафта и денес таа поддршка достигна 100%. Во следните четири години ќе вложиме РЕКОРДНИ една милијарда и триста педесет милиони евра за капитални инвестиции и директна финансиска поддршка до земјоделците. До 2028 година гарантираме повеќе извоз од увоз на храна – објави министерот за земјодлство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

„На 8 мај сите ние сме исправени пред важна одлука, дали сакаме да ја видиме Македонија како развиена и европска држава која чекори храбро напред, или сакаме држава без иднина, без развој, вратена во мрачното минато од режимот.

Ве повикувам масовно да гласаме за #Бројот1 за проевропска Влада, проевропски претседател предводена од #СДСМ, којашто во следниот 4 годишен мандат гарантира европски животен стандард, овде дома за сите граѓани“ – истакна Николовски.

Најнови вести

Најново од Агро Бриф, Топ Вести

Најчитани вести