Вест: Девојка од Карибите се омажи во тетовски Челопек

По двегодишно допишување преку Скајп меѓу Боби Марковски (25) од селото Челопек, Тетовско, и Веделин од Карибите, одлучиле да се запознаат и да стапат во брак, пишува Вест.

Двајцата велат дека кога љубовта е во прашање, сe друго е занемарливо, па така на дваесет и седумгодишната Карипка не ѝ било проблем да ги напушти егзотичните Кариби и да дојде кај својот сакан во Челопек.

-Две години бевме во постојан контакт со Веделин и на крај решивме да се видиме. Кога дојде во Челопек, таа се воодушеви од природата, од нашата традиција, а особено од кулинарските специјалитети. Првата недела луѓето од моето место нe гледаа малку чудно, но потоа се свикнаа, но и се спријателија со неа. Моите блиски, исто така, веднаш ја прифатија како своја, без никакви предрасуди, па сега со мерак ѝ подготвуваат тавче-гравче, печена риба и традиционален комад – колпите, тоа се нејзините омилени јадења овде. Отпрвин бев загрижен дали ќе ѝ се допадне тука, бидејќи, сепак, доаѓа од една егзотична земја, која е рај за туристите, но Веделин сака тивки места и дружељубив народ, па ми вели дека Челопек е поубав од Карибите, вели со насмевка Боби, кој има дваесет и пет години и има завршено факултет по физиотерапија.

Заљубените млади свадбата ја направиле во Дубаи, каде што живее сестрата на Веделин, во руска православна црква. Медениот месец исто така го поминале во Дубаи, а каде ќе живеат е уште не одлучиле.

Веделин на Карибите работела како бебиситерка во хотели, ги подучувала и ги надгледувала децата на туристите, а пак нејзиниот сакан од Челопек е невработен.

]]>

Најчитани вести