Пет сообраќајки вчера во Скопје и околината

Во текот на вчерашниот ден на сообраќајниците во градот Скопје и околината сообраќајната полиција изврши увид на вкупно пет сообраќајни незгоди, од кои три се со последица материјална штета, а две со последица телесна повреда во коишто со полесни повреди се здобиле четири сопатници во возилата.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени се и санкционирани поголеми број прекршоци.

Санкционирани се 29 возачи коишто не го почитувале ограничувањето  на брзината на движењето на своите возила, 10 возачи се санкционирани затоа што го користеле мобилниот телефон за време на управувањето на возилото, 9 возачи затоа што поминале на црвено светло на крстосниците, а шест возачи се исклучени од сообраќај затоа што се затеканти како ги управуваат возилата под влијание на алкохол.

Санкционирани се и 43 пешаци коишто сториле прекршоци по различни услови, како и седум возачи коишто не отстапиле предност на минување на пешаците на обележан пешачки премин.

Во текот на вчерашниот ден од страна на отсекот за превенција беше реализирана и сообраќајна поука за возачи коишто сториле прекршоци по различни основи.

Во претстојниот викенд вообичаено ќе се работи и на откривање и санкционирање на потешките прекршоци пред се управување возило под влијание на алкохол.

Исто така, денеска отсекот за превенција има предвидено превентивни активности за ОУ „Круме Кепески“  на подрачје на општината Кисела Вода и ОУ „7 Март “ на подрачје на општината Чаир.

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести