Русија го задржува правото да ги штити своите сонародници во Украина, соопшти руското МНР

Русија ја сфаќа одговорноста за животот на своите сонародници и сограѓани во Украина и го задржува правото да ги заштитува, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи во коментар за нападот врз демонстрантите во Доњецк.

– На 13 март 2014 година во Доњецк дојде до трагични настани, а се пролеја и крв, посочува министерството, цитирано од ИТАР-ТАСС.

– Мирните демонстранти, кои излегоа на градските улици за да го изразат својот оснос кон деструктивната позиција на луѓето кои се нарекуваат украинска власт, беа нападнати од десничарски радикални групи, вооружени со палки, кои предходниот ден почнале да пристигнуваат во градот од други региони во земјата. Судирите доведоа до голем број повредени, а едно лице загина, ги опишува руското Mинистерствто настаните во украинскиот град.

– Повеќе пати изјавувавме дека дојденците на власт во Киев треба да ги разоружаат вооружените борци, да ја гарантираат безбедноста на населението и законското право на луѓето на митинзи. За жал, како што покажуваат настаните во Украина, тоа не се случува, бидејќи киевските власти не ја контролираат ситуацијата во земјата, oценува руското Министерство.

]]>

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести