Во првите 12 месеци откако се појави на балконот на Св. Петар и почна со папството со разоружувачкото „Добравечер“ кон насобраната маса, Папата Франциско го освои светот далеку повеќе од досегот на Римокатоличка црква. Тој го омекна имиџот на институцијата која изгледаше толку затворена за времето на неговиот претходник, Бенедикт, и покажа дека папата може да работи според модерните погледи на атеизмот („Проблемот со оние кои не веруваат во Бога е да се покориме на нивната совест“), за хомосексуалноста („Ако некој е хомосексуалец и го бара Бога и има добра воља, кој сум јас да му судам?“), и за самохраните мајки (тој ги искара свештениците кои одбиваат да ги крштеваат нивните деца дека имаат „болен ум“).
Повеќе од се, Франциско покажа извонредна способност да ги комуницира своите идеи, и оние за неговата вера, со едноставни гестови. Секој последен папа зборуваше за потребата за негување на човечкиот живот, дури и при најтрагичните и болни манифестации. Но Франциско постигна повеќе од сите нив кога го гушна болниот од неурофиброматоза, генетската болест на физичко изобличување. Иако сите папи бакнува од потребата за понизност и едноставност, Бенедикт си замина од Апостолсата палатата по неговата неочекувана оставка во февруари 2013 година во лимузина мерцедес. Франциско дојде во рено 4 од 1984, во автомобил кој го возат многу француски фармери.
Анкета спроведена од истражувачкиот центар Пју на 6 март откри дека во Америка, две третини од католиците и половина од некатолиците го гледаат новиот папа како промена кон подобро. Но дали неговата атрактивност ги враќа католиците кон редовните верски обврски, не е познато. Во анкета спроведена помеѓу италијанските свештеници минатата година, повеќе од половината испитаници рекле дека има зголемена присутност во црквите. Но Пју не открива значајана промена колку американските католици рекле дека често се враќаат на мисите.
Задачата која претстои е огромна. Големата стапка на раѓања во светот во развој значи дека бројот на крстени католици, чија бројка денес изнесува околу 1,2 милијарди луѓе, продолжува да расте. Но постои уште поширок јаз помеѓу доктрините на црвата во однос на половите и браковите, и на она што католиците, посебно во развиениот свет, го мислат и прават. Секс скандалите во високото свештенство и одговорот на црквата на обвинувањата, исто така изгледа дека со одбивност ги одвратиле католиците во западна Европа и во Северна Америка. Стравот кој повремено се појавува во Ватикан, е дека постои ризик католицизмот еден ден да стане религија воглавно за африканците и азијатите, која секаде на друго место се покажува дека е оставена на самосвесната реакционерна маргина. Од тука, многу работат зависат од овој скромен, симпатичен човек.
Како прв папа кој доаѓа од Латинска Америка, Франциско има политичка и економска перспектива која е сосема различна од неговите претходници – посебно во споредба со последните двајца. Бенедикт Шеснаесетти и Јован Павле Втори, и двајца Европјани чии однесувања и размислувања беа обликувани од Студената војна. Дипломатите кои го слушаа неговото годишно „Обраќање кон светот“ во јануари, со интерес, па дури и со воодушевање, забележаа дека Европа била едвај спомната надвор од нејзината улогата како одредиште за сиромашните емигранти.
Папата Лав Тринаесети, во неговото енциклично дело „Правата и должностите на капиталистите и работниците“, каде за првпат се постави католичкото социјално учење во 1891 година, беше критичен кон проширувањето на капитализмот, исто како и кон социјализмот. „Да се искористува човекот како средство преку кое ќе се дојде до добивка, или да се вреднува единствено преку неговата физичка сила – тоа е сосема срамно и нечовечно“, напишал тој. Но оттогаш, католичките лидери станаа потолерантни кон капитализмот. Една од причините е нивниот став кон марксизмот, кој е целосно атеистички, како најголемата сотона. Втора била доминацијата на италијанците во хиерархијата: водени од христијанската демократија, која во основа го брани католичкото учење, капитализмот од поствоена Италија создаде „економско чудо“. Десните исто така ја подржуваа црквата за проблемите како што е абортусот. Можеби најважно од европска гледна точка, е дека капитализмот е единствено одржливата алтернатива на комунизмот. Наспроти ова, вели Џими Брнс, поранешен дописник од Аргентина кој ја пишува биографијата на Папата Фрањо, папата „тежнее да го гледа капитализмот во смисол на неговите ефекти врз третиот свет“. Формата на капитализмот кој тој го познава од Латинска Америка, не е либералниот, туку корумпираниот и крони капитализам. Неговиот отпор кон тоа зрачи од неговото прво апостолско обраќање, „Радоста на Госпелот“: „Денес се подлежи под правилата за конкуренција, и преживување на најспособните, каде моќните се хранат од немоќните“.
Архибискупот на Буенос Аирес, Франциско, ги поддржуваше градските „картоњероси“ (собирачи на отпад), затоа што самите се борат за подобри животни услови. Минатата година, тој за координаторот на картоњеросите, Хуан Грабоис, организираше работилница финансирана од Ватикан за „Итноста за социјално исклучените“. Грабоис, кој се опишува себеси како „социјален милитант против хаосот на неолибералниот модел предизвикан во 90-ите“, на состанокот кажа колку импресивен за него бил „радикалзмот“ во Радоста на Госпелот. За време на владеењето на Бенедикт, апсолутно немало никава шанса некој друг – освен нему близок – да влезе низ портите на Ватикан.
Ставовите на папата претставуваат проблем за конзервативците, во и надвор од црквата. Еден дел од Радоста на Госпелот посебно вознемирува многумина: „Исто како што Божјата заповед „Не убивај“ јасно ја поставува границата со цел да се заштити вредноста на човечкиот живот, денес исто така можеме да кажеме и „Не одземај“ за економијата на исклучување и нееднаквост“. Што е уште порадикално, тој го цитира Св. Јован Хрисостом, еден од првите црковни отци: „Да не се подели нечие богатсво со сиромашните е исто како да се краде од нив“.
Раш Лимбау, конзервативен американски радио водител, ја нарече Радоста на Госпелот „чист марксизам“. Франциско го отфрли тоа тврдење, но на начин кој малку успеа да ги успокои неговите критичари. „Марксистичката идеолигија е погрешна“, рече тој во интервју за италијанскиот дневен весник Ла стампа. „Но во мојот живот запознав многу марксисти кои биле добри како луѓе, и заради тоа не се чувствувам навреден“.
Папа перонист?
Политичкиот пејсаж во татковината на Франциско, сепак нуди поточно и повозбудливо разбирање на неговите ставови. Во поголемиот дел од неговиоот живот, Аргентина живеела некој вид на трет пат, помеѓу марксизмот и либерализмот – иако онаков со катастрофални политички и економски резултати. „Фрањо познава само еден стил на политика“, рече дипломат акредитиран во Светата столица. „А тоа е перонизмот“.
Кредото кое го постави поранешниот диктатор на Аргентина, генералот Хуан Перон, со „трите обележја“ на социјална правда, економска независност и политичка сувереност, оттогаш непрекинато се реинтерпретира. И конзервативците и револуционерите со гордост се нарекуваат себеси перонисти. Но во сржта е токму корпоративецот, кои и се наметнува на државата на позиција да решава конфликти помеѓу групи од интерес, меѓу кои и работници и работодавци. Во тој смисол, тоа потсетува на фашизмот и нацизмот – а исто и на католичката социјална доктрина.
Страната на папа перонист се покажува со употребата на класичните популистички техники: да оди над главите на елитите до народот, преку гестови и коментари кои ги освојуваат медиумските наслови. А тоа е видливо и во неговите погледи за политичката економија, кое исто има многу заедничко со постмарксистичките протестни движења, како што се „Окупирај го Волстрит“, шпанските „индигнадоси“, и италијанското движење „Пет ѕвезди“.
-Додека праволинијски расте заработувачката кај малцинството, така се проширува и јазот кој ги двои мнозинството од оние малкумина среќни кои уживаат во просперитет“, напишал тој. „Ваквата неизбалансираност е резултат од идеологиите кои ја бранат апсолутната автономија на пазарите и на финансиските шпекулации. Како последица на ова, тие го одбиваат правото на состојбата, набиени со осветољубивост заради општото добро, за да практикуваат каква било форма на контрола“.
Франциско беше избран по судирот во Врховната конгрегација, дискусиите кои се водеа пред конклавето во која кардиналите дебатираа за проблемите со кои ќе се соочи новиот папа. Фракцијата составена воглавно од пасторални кардинали од англиското или германското говорно подрачје, ги разјаснија очекувањата од она што тие го дефинираа како ароганција, тајновитост или погрешно наведување на „италијанците“, група внатрешни лица, повеќето од нив Италијанци по раѓање или службени лица од Римската курија (или ватиканската бирократија), која е длабоко заснована на италијанскиот етнос на услуги по реципроцитет, протекционизам и конспиративност. Иако се земаше во предвид неговиот духовен и менаџерски талент, Франциско, висок кардинал и син на италијански емигранти, беше исто така отелотворение на компромис помеѓу двете фракции.
Неговата прва, можеби и најважна одлука откако стапи на должност, беше да го напушти папскот апартман во Апостолската палата, кој гледа на плоштадот Св. Петар и да се пресели во поскромното престојувалиште: собата 201 од куќата Санта Марта, еден вид на хотел во рамките на Ватикан, каде престојуваат посетители клерици и други намерници. Тој ја објасни својата одлука во смисол на неговите потреби како член на религиозната заедница, језуитите, да не живее во изолација. Но тоа исто така беше и остар политички потег. Тоа ја изразува неговата желба да ја избегне перчењето и да бара совети надвор од традиционалните структури на моќ во црквата: живеејќи во куќата Санта Марта му дава слобода да си ги шие копчињата и суши алишта додека сите минуваат низ Рим. Како што изјави за језуитскиот периодичник Чивита католика, Апостолската палата е како „превртена труба. Голема и пространа, но влезот е многу тесен“.
Овој потег испрати сигнал кој што Масимо Франко, колумнист во италијанскиот дневен весник Кориере дела сера, го нарече „неизбежна транзиција која ги фати многу италијанци неподготвени“. Оттогаш папата ја заобиколува ватиканската хиерархија и ги смести советниците од периферијата во центарот од каде што донесува одлуки. Еден месец по назначувањето, тој оформи група од осум кардинали кои ќе го „советуваат за владеењето на универзалната црква“ и за скицирање на проект за реформи на куријата. Само еден од нив е претставник од Ватикан. Тој исто така назначи и клерици и обични луѓе надвор од Рим за неколку други советодавни тела. Запрашан да опише некои од највпечатливите карактеристики на Франциско, еден дипломат одговори: „Неговата тврдоглавост“.
Минатиот месец, Франциско најави отварање на нов секретаријат за економија, кој ќе ги надгледува финансиските активности на Ватикан. Тоа можеби ќе биде највпечатливата промена на куријата, уште од нејзиното преструктуирање кое го нареди папата Павле Шести во 1967 година. Нејзин прв шеф ќе биде архибискупот на Сиднеј, Џорџ Пел, чија репутација за строгост во Астралија му го донесе прекарот „Пел Пот“. Помеѓу многуте тешки задачи ќе биде и исчистењето на Институтот за религијски работи, познат и како Банка на Ватикан.
Ваквите реформи се суштински за успехот на папството на Франциско: Банката на Ватикан беше центар на неколку финансиски скандали кои ги посрамотија последните папи. Но тие се исто и многу опасни: многумина во Рим веруваат дека заговорот на куријата го натерало Бенедикт да си даде оставка. Кога на 26 јануари гавран ги нападна белите гулаби на мирот кои ги пуштија деца кои стоеја покрај Фрањо, некои римјани го видоа тоа како знак дека тој се соочува со слична судбина. Инсајдерите кои известија за наводните коруптивни активности кои се правеле во Ватикан и го разнишаа папството на Бенедикт, во многу италијански медиуми беа наречени „корви“ (гаврани). Франциско е свесен за овие ризици. Основачот на весникот Ла република, Еугенио Скалфари, кој долго разговарал со папата минатата година, потоа го цитираше и го опиша дворот кој се формира околу понтифот како „лепра за папството“.
Погрешните чекори во неговото справување со стариот скандал со сексуална злоупотреба на клеркството, претставува друга, можеби уште поголема опасност. Во врска со ова, од критичарите беше обвинуван за пребавен прогрес. Тој основа специјална комисија за заштита на слабите, но нејјзината улога е едвај советодавна. Иако тој го суспендираше Франц Петер Тебарц ван Елст, германскиот бискуп заради неговиот раскалашен животен стил, тој досега не сторил ништо во врска со Руперт Фин, американскиот бискуп кој во 2012 беше обвинет затоа што не ги информирал властите за свештеник кој бил суспендиран заради сексуално злоставување на деца.
-Тој ја смени темата од злоставување со тоа што ништо не стори во врска со тоа, рече Ен Барет Дојл, од американската набљудувачка група bishopaccountability.org. „Никогаш не би претпоставила дека ќе помине цела година без новиот папа кон жртвите да им се обрати со цел“. Во неговото последно интервју за Кориере дела сера, излегува дека Фрањо тврди дека жртва е всушност црквата: тоа е можеби „единствената јавна институција која делуваше транспарентно и одговорно… Но сепак црквата е единствената која беше нападната“.
Стадото и затвореноста
Иако се важни структурните и организациските реформи, Франциско во неговото опсежно интервју за Чивита католика рече дека тие ќе дојдат само по она што тој го нарече „реформи на однесувањето“. Пренесувачите на госпелот „мораат да бидат луѓе кои ќе ги загреат срцата на луѓето“, рече тој. Тоа беше потсетување дека папата не е само шеф на огромната мултинационална заедница, туку и човек од верата, кој секое утро поминува по два часа во молитви и по еден час секоја вечер во предаденото практикување на евхаристијата.
Приоритет за Франциско ќе биде, како што беше и за Бенедикт, да ја пресврти галопирачката секуларизација во светот на католиците. Ова се шири од западна Европа и Северна Америка кон Латинска Америка, и во многу случаи тоа е вкоренето во несогласувањето за црковното учење за сексот. И тука тој се обрати кон наворешни лица за совет, и организираше глобална анкета со верниците и парохиите за да открие како тие работат со семејствата.
– Франциско не е догматски учител кој сака да го пренесува сето она што е во учебниците онака како што е запишано, рече Ханс Кунг, либерален швајцарски теолог кој повеќе пати се судрил со успешните папи во врска со нивните доктрини. А одвреме навреме и Франциско навестува подготвеност за промени, „Да се сетиме на времето кога ропството беше прифатено, или кога беше воведена смртната казна, без било каков проблем“, рече тој за Чивита католика. „Егзегетите (толкувачите на религијата) и теолизите и помогнаа на црквата за созрее во нејзините проценки“. Но се уште не е јасно колку далеку е Фрањо подготвен да оди за да го адаптира црковното учење во модерниот живот. Јазот кој се отвори помеѓу верата и однесувањето во Ватикан и она кај верниците, беше истакнат во едно скорешно истражување во избрани држави, кое го спроведе Јунивижн, телевизиска мрежа од американско-шпанско јазично говорно порачје. Помеѓу широката палета на прашања, единствени континенти каде мислењето на повеќето католици се совпадна со линијата на Ватикан беа Африка и Азија.
По темата за вештачката контрацепција, гледиштето воглавно е засновано во корист на промените, дури и кај инаку силно верните Филипинци. Мнозинството во три од четири латиноамерикански држави кои беа анкетирани, дадоа поддршка за ставање крај на целибатот кај свештениците, а во вклучувањеето на жените во црквата дадоа две. Низ Латинска Америка и Европа големо мнозинство е наклонето за прекинување на бременоста во специфични околности. А хомосексуалните бракови, на кои воглавно се спротивставуваат католиците во поголемиот дел од светот, беа поддржани од повеќето испитаници во САД.
Прашањето за кое добро информираните гледаат најголема надеж за промена е забраната од црквата за прифаќање на разведените католици кои повторно влегуваат во брак. Истражувањето на Јунивижн открива дека огромно мнозинство е во корист на нејзино укинување, не само во Европа и Северна Америка, туку и во Латинска Америка. Како може некој кој црквата го смета за погрешен брак, може да биде вреден примател на евхаристијата, за кои католиците веруваат дека е примање на телото на Христа? И како може Ватикан да го негира бракот во време кога црквата е влучена во очајната битка да се одбрани институцијата против истополовите бракови во многу земји, и при порастот на разводи и стапката на живеење во вонбрачни заедници скоро насекаде?
Пред неколку недели, Папата Франциско сепак покажа наклонетост кон овој проблем. Минатиот месец тој го избра кардиналот Валтер Каспер, либерал кој се залага за укинување на забраната, да се обрати на состанок на кардинали за да дискутираат за теми во врска со семејството. И на 28 февруари, за време на неговата дневна миса во куќата Санта Марта, тој ги повика свештениците да ги „придружуваат“ оние чии бракови не успеале. „Не осудувајте“, рече тој. „Тргнете со нив и не практикувајте казуистика во нивната ситуација“.
Либералните католици исто така се надеваат дека папата ќе размисли за улогата на жената во црквата. „За мене ова е тест за границите“, рече еден поранешен претставник во Ватикан. „Ако тој не стори нешто радикално во врска со жените, тогаш мислам дека можеме да претпоставиме дека нема да направи никаква значајна реформа“. Една од веројатностите е дека може да постави жена, која е можеби раководител на некој религиозен ред, како надлежна во оддел во Ватикан. Некои теолози тврдат дека само ракоположени можат да тренираат моќ во име на папата. Но на 3 март, кардиналот Каспер, кој можеби има функција на параван, рече дека нема причина зошто жена не би раководела со некои совети на понтифот, на ватикански министри од втор ред, кои одржуваат состаноци каде се зборува за световни работи, за семејството, културата и медиумите.
Скоро никој кој е запознат со црквата не очекува дека Франциско ќе ги смени доктрините за абортусот, разводите или за вештачката контрацепција. Мнозина од неговите некатолици обожаватели изгледа не се свесни за неговите ограничувања во врска со доктрините. Но Кунг предупредува да не се потценува улогата на стилот и гестовите. Неговата последна книга е насловена „Можеме ли да ја спасиме Католичката црква?“, и самиот си дава одговор на поставеното прашање со забелешка дека Франциско веќе почнал да ја спасува црквата. „Не е само што тој има планови“, вели Кунг. „Мислам дека обичната одора, промените во протоколот и сосема различниот тон во гласот не се вештачки нешта. Всушност, тој воведе промена на парадигмата. Тоа е почеток на спасот, а не негов крај. Но и тоа е веќе многу“.
Можеби најголемиот ризик за овој непретенцизен и популарен папа е порастот на лажните очекувања.
]]>


