Триесет и едногодишен беровец ја силувал снаата во нејзиниот дом, соопшти полицијата.
Во петокот, 34-годишна беровчанка во полиција пријавила дека ја силувал нејзиниот девер. Според пријавата, во текот на вчерашниот ден В.Б. влегол во нејзината соба и најпрвин се обидел да ја бакне. Откако таа му се спротивставила, ја фатил за рака, ја турнал на кревет и со едната рака и ја затворил устата. Насилно ја соблекол и извршил обљуба.
Силувачот е приведен во ПС Пехчево и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
]]>


