Едногодишно бебе е повредено вечерва во сообраќајната незгода што се счучи во близината на скопски Сити мол. Незгодата се случи вечерва околу 20 часот на улицата Никола Парапаунов во скопската населба Карпош 4, а покрај повреденото бебе, настрадало уште едно лице чиј идентитет не е утврден ниту пак состојбата во која се наоѓа. Полицискиот увид се уште се чека, па неофицијално дознаваме дека дошло до судар меѓу две возила, БМВ со тетовски регистрации и Ауди со скопски регистарски таблички при што се поврдени две лица, од аудито. Повреденото бебе е префрлено во болницата Систина, додека другото лице е префрлено во Ургентниот центар. Од МВР не го соопштија идентитетот на повредените како и на учесниците во сообраќајката. .
]]>


