МИА Бука – Сараево
Децата не можат сами да се чуваат и поради тоа треба некој возрасен да биде покрај нив, да ги поддржува, учи и насочува
На најмладите членови на нашето општество им треба заштита од возрасните. Децата не можат сами да се чуваат и поради тоа треба некој возрасен да биде покрај нив, да ги поддржува, учи и насочува. Но сите возрасни не сакаат да им помагаат на децата, има такви кои од децата сакаат нешто друго, нешто неморално, нешто што не смеат да го бараат. Тоа го потврдува и најновиот случај кој ја згрози јавноста во Бања Лука. Имено, лицето кое е осомничено за педофилија наместо да биде санкционирано и тргнато од јавноста се уште се заканува на едно 13 годишно девојче и нејзиното семејство.
Според вестите во медиумите од лажен Фејсбук профил ова лице се јавило на татко на едно девојче и ги вознемирувало. Цел му било девојчето, а во нејзино име допишувањето со возрасниот маж во соработка со полицијата го продолжиле нејзините родители. Во тоа време бил уапсен, во компјутерот биле најдени детски порнографски снимки, но не се задржал долго зад решетки.
Полицијата го товари за кривични дела злоупотреба, загрозување на безбедноста и производство, поседување и прикажување на детска порнографија. Повторно бил уапсен откако продолжил да се заканува. Од МВР на РС рекле дека истрагата за овој случај продолжува, а против осомничениот ќе биде поднесена пријава за кривично дело производство на детска порнографија.
Да потсетиме дека според претходните проценки на Министерството за внатрешни работи на РС еден од најприсутните облици на сајбер криминал во РС е токму детската порнографија. И порано на порталот Бука пишувавме за овој проблем кога се обидовме да ја прикажеме ситуацијата кај нас во врска со овој проблем и низ разговор со експерти да покажеме како да се заштити детето од тие кои се подготвени на злоупотреба на деца
]]>


