Промоторот на Домагој Николиќ, кој го лоцира гробот на Александар Македонски кај Црнилиште, е Миленко Неделковски, исто така самостоен шоумен. Во својата плукалница во „Вечер“, каде што редовно испоганува десет луѓе, ме смести овој пат меѓу пијаниците поради неговата силна потреба да ја одработи подарената слобода. Повод овој пат му е мојата колумна „Шоуто на Груевски кај Миленко“. Па, еве да му одговорам на човекот што има судска тапија како доказ дека не мора да се оди во затвор, иако судски е докажано и правосилно пресудено дека ограбил 22 граѓани на Македонија за 160.000 долари, продавајќи им американски визи што не постојат. За продавање станови што не постојат, се оди осум до десет години затвор, а за визи ни еден ден, само условно. Се разбира, под услов ако Претседателот на државата, премиерот, министри, големи новинари и патриоти ти доаѓаат секој петок на гости.
Е па вака Миленко, кога не пишувам и не работам, седам со пријатели и нормални луѓе и уживам во тоа.Уште никој не ме видел пијан, ама еве ќе прифатам и ќе ти одговорам. Подобро пијан и чесен, отколку глупав и измамник. Пијаниот ќе се отрезни…
]]>


