Кокаин откриен во домот на стружанец

Струшката полиција поднесе кривична пријава против 58-годишниот Д.О. од Струга осомничен за „неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни сустанци и прекурсори“. На 22 февруари годинава, при претрес во неговиот дом, полициските инспектори пронашле 262,75 грама опојна дрога кокаин. Пријавениот кокаинот го спакувал во помали пакувања и ги сокрил на различни места во куќата.

– Различни количини кокаин се пронајдени во пластична кутија засолната во висечки елементи во кујната од неговиот дом, а во пластична кутија од шумливи таблети забележани се помали пакувања завиткани во црна најлонска кеса. Помали паковки со кокаин пронајдени се во ѓезве за кафе, а четири пластични цевки со остатоци од кокаин се забележани во корпа за ѓубре, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Д.О. и е познат на полицијата и против него по слични основи и досега биле поднесувани кривични пријави. Нему му е одредена мерка притвор во траење до 30 дена.

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести