Последен бизарен тренд на Интернет: Селотејп селфи

Во истата недела во која селфи фотографиите без шминка со голема брзина се проширија на Интернет, приматот во популарноста од нив го преземаа селфи на лица излепени со селотејп, т.н. „селофи“, што уште еднаш ја покажува брзината со која трендовите на Интернет се менуваат.

Твитер и Фејсбук се преполни со фотографии на глави „храбро“ излепени со леплива лента, при што не се избегнуваат ниту чувствителните места, како што се очи и веѓи.

Акцијата „Селфи без шминка“ оствари вреден резултат, и за само 24 часа успеа да собере еден милион фунти за истражување на ракот во Велика Британија.

Наспроти тоа, селфи фотографиите со селотејп немаат друга цел освен да покажат колку селотејпот може да го изобличи лицето и да го направи непрепознатливо.

Оние кои не се плашат своето лице да го измалтретираат на овој начин, често успеваат својот лик да го претворат во нешто што потсеќа на зомби и гремлини од филмовите.

]]>

Најчитани вести