Анексијата на Русија врз Крим, всушност не е првпат тој да биде окупиран и анектиран полуостровот на Црното Море. Првпат тоа се случило во 1783 година. И според еден креативен – и погрешно информиран турски колумнист, легалната рамка за тоа со векови старо парче земја се поништува со неодамнешната објава на Крим за независност – и значи дека полуостровот технички треба да и биде вратен под контрола на Турција.
Идејата потекнува од колумната на турска политичка коментаторка Цејлан Озбудак, која беше објавена во весникот Ал Арабија, но подигна прашина неделава откако текстот беше преведен од украиснкиот информативен веб портал Егалите и постирана на Реедит, по што го причитаа илјадници и така го истурка текстот најгоре на форумите за вести.
Проблемот е опскурен: договоро познат како Примирјето од Кучук Кајнарка, кој отоманската империја го постигнала со Русија во 1774 и со што беше ставен крај на Турско-Руската војна, една од десетината војни кои двете сили ги воделе меѓусебно помеѓу 16-иот и 20-иот век. Но сепак, немојте веднаш да го потсетувате за ова Бајазит Осман, наследникот на отоманскиот султанат, кој беше укинат од Ататурк во 1922, да му кажете дека може да му биде вратен Крим. Има некакви проблеми со ова тврдење.
Озбудак во колумната во Ал Арабија напиша дека договорот ја прави нелегална објавата на Крим за независност, и ја спречува во „приклучувањето кон трета страна“, да речеме кон Русија на Владимир Путин. „Ако се направи таков обид, тогаш Крим автоматски треба да се врати под суверенитет на Турција“. Со објавата на независноста и итањето кон прегратката на Русија која веќе чека, Озбудак смета можеби и шегобијно, се прекршува условите од примирјето од 1774, и затоа Крим треба да и биде вратен на Турција.
Изгледа Обуздак нема јасна претстава за дипломатската арена во 18-иот век и нејзината теорија можеби е повеќе предмет на „носталичен неоотоманизам“ отколку на современата историја, рече историчарката Вирџинија Аксан во одговор по е-пошта. Озбудак вели дека Катерина Втора го потпишала примирјето на 19 април 1783 – датум кој е скоро една деценија подоцна. Примирјето од Кучук Кајнарка бил всушност потпишан на 21 јули 1774, со што завршила шестгодишната војна за пристап на Русија на Црното Море. Но проблемот со нејзината теорија е подалеку од овие конфузни датуми.
Вистинската историја на Руско-Туската војна која резулирала со анексија на Русија на Крим е далеку повизантиска – и интересна. На половина војна, додека отоманската војска се мачела да ги задржи деморализираните војници да не се свртат против своите офицери, Крим тивко бунтувал против отоманското владеење. Голема делегација на локални татарски владетели се дистанцирале од отоманците за време на војната, и си создале своја независна влада во сенка. Овие татарски високи личности имале една година долги преговори со Русија, кои започнале во ноември 1771, и завршиле со потпишување на Примирјето од Карасу Базар. Тоа примирје „воспоставило алијанса и вечно партнерство помеѓу новосоздадената независна држава Крим и Руското царство“, напиша историчарот Алан Фишер во неговата книга Кримските татари.
Отоманците се обиделе да го држат Крим уште две години, но тоа било загубена битка. Додека нејзините војска била поразувана и се распаѓала, отоманскиот претставнк Ахмед Ресми ја завршил војната со потпишување на Примирјето од Кучук Кајнарка во 1774 година, со што од отоманска контрола бил одземен полуостровот и јужните брегови на она што е денешна Украина и со тоа се формализирала независноста на Крим. И покрај нивниот страшен пораз, отоманците успеале да го задржат право на религиозна контрола врз муслиманското население на Крим, под условите од Примирјето од 1774. На Русија и била дадени извесна власт над грчката православна христијанска заедница во регионот, и правата за поморски бази кои оттогаш се предмет на тензија.
По Примирјето од 1774, дошла серија на успешни декларации и договори. Пет години подоцна, отоманците го упатиле последното барање за Крим на Конвенцијата во Ајнали Кавак во 1779 година. Потоа во 1783, по речиси цела деценија обиди за контрола врз номинално независната кримска влада, Катерина го сторила она што нејзините советници ја притиснале да го стори во 1774, и извршиле инвазија и го анектирале Крим. Со одличен речник на политичко двојство, таа го оправдала заеземањето со цитирање на Примирејто од Кучук Кајнарка, тврдејќи дека отоманците го прекршиле нивниот договор за неинтервенција со мешањето во политиката на Крим.
Следните векови на руско владеење не биле во корист на желбата на Татарите. Врвот бил достигнат во 1944, кога Сталин масовно ги депортирал од полуостворот. Скоро половината од 200.000 протерани Татари, умреле за време на прислиното преселување во централна Азија. Крим останал под владение на Русија се до 1954, кога Никита Хрушчов и го подарил полуостровот на Украина, која тогаш била советски сателит. Тоа било чисто симболичен потег изведен во време на колапсот на Советскиот Сојуз – и потенцијалната загуба на Москва во пристапот до стратешкото пристаниште Севастопол, која го освола во 1774 – изгледале просто незамисливо. Михаил Горбачев конечно им дозволил на Татарите да се вратат на Крим во 1989, а многумина од нив се вратиле и основале гета надвор од големите градови.
Кримските Татари сега се 13 проценти од налелението на полуостровот и немаат желба да се вратат под руско владение. Татарските лидери на Крим им нареди на нивната заедница да го бојкотираат референдумот од минатата недела за приклучување кон Русија, а затоа имаат голема причина за загриженост. Москоу тајмс во четвртокот објави дека новиот заменик премиер на Крим планирал уште еднаш да ги протера Татарите.
И така историјата продолжува да биде ехо на случувањата на Крим – а не само на Примирјето од Кучук Кајнара од 1774 година.
]]>


