Полициски службеник од СВР Велес додека го чистел својот службен пиштол, од небрежност испукал еден куршум низ прозорецот од неговата канцеларија. Куршумот завршил во просториите на соседната зграда, општина Велес.
Како што информира СВР Велес, настанот се случил вчера во 10 часот и 10 минути. Полицијата извршила увид на местото.
За настанот бил известен Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР и Јавното обвинителство во Велес.
]]>


