Автомобил „пежо“ со скопски регистарски таблички вечерва влета во една од продавниците на улицата „Воднањска“ во близина на Клиничкиот центар.
До несреќата дошло откако пежото управувано од С.Т. (1995) се судрило со возило марка „пасат“ со ресенски таблички управувано од Д.С. (1983) по што пежото влетало во продавницата.
Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот на пежото кој е пренесен во Ургентниот центар.
ФОТО: МКД.мк
]]>


