Манијак се самозадоволувал пред малолетно девојче во Битола

Непознато лице извршило самозадоволување на полови страсти пред малолетно девојче во Битола.

Случајот вчера во полиција го пријавил таткото на девојчето информирајќи дека пред околу еден месец непознато лице извршило самозадоволување пред неговата малолетна ќерка, додека таа седела на терасата од нивната куќа.

По неколку дена, како што соопшти МВР, истото лице повторно дошло пред куќата, по што го доближил девојчето до себе и ја фатил за рака. Девојчето успеало да го турне и избега дома.

СВР – Битола презема мерки за пронаоѓање на лицето.

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести