Изминатото денононоќие 17 сообраќајки, тешко повредени пешак и мотоциклист

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 17 сообраќајни незгоди.

Од нив, девет се со последица материјална штета и шест со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле пет возачи на патничко моторно возило, двајца пешаци и двајца патници во автобус.

Случени се и две незгоди со последица тешки телесни повреди. Првата незгода се случила во 3 часот и 30 минути на крстосницата од бул. „Гоце Делчев“ со ул. „Григор Прличев“ во која учествувале две патнички моторни возила „опел астра“ и „мерцедес“ со скопски регистарски таблички, управувани од граѓани на Скопје и мотоцикл марка „Џон Вејн“. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот.

Втората незгода се случила во 12 часот на ул. „10“ во с. Миладиновци пред куќен бр. 30 во која учествувале патничко моторно возило „голф“ со охридски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и пешак, исто така од Скопје. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција беа откриени и санкционирани седуммина возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај, како и шестмина возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците. Преземени се мерки и кон 26 возачи кои ги управувале своите возила по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола, деветмина возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управувањето на возилото, како и 16 возачи кои непрописно ги паркирале своите возила на автобуските стојалишта, пешачките премини и во зона на крстосница.

Со специјалното возило „пајак“ отстранети се 17 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот како на возилата така и на пешаците.

Денеска ќе се реализира сообраќајна поука во просториите на Полициската станица од општа надлежност – Гази Баба со почеток во 19 часот на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по различни основи во својство на пешаци.

Во рамките на сообраќајно воспитните акции Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализира едукативни работилници во ОУ „25 Мај“ на територијата на општина Гази Баба и во средното училиште „Димитар Влахов“на подрачјето на општина Аеродром.

За денеска најави за настани коишто во поголема мера би влијаеле на режимот во сообраќајот нема, освен еден предизборен митинг на политичката партија ДУИ што ќе се одржи со почеток во 19 часот во спортската сала „Борис Трајковски“. Во зависност од состојбите и потребите од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за уредно и безбедно одвивање на сообраќајот.

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести