Додека многумина ја пречекаа Новата Година со снег и екстремно ниски температури, Ана Ивановиќ и нејзиниот дечко Бастиан Швајнштајгер уживаа во далечната топла Австралија. Прекрасната српска тенисерка и познатиот германски фудбалер веќе не се обидуваат да ја скријат нивната емотивна врска, а папараците ги уловија на плажа како се држат за раце. Ивановиќ во моментов престојува во Австралија, каде што ќе учествува на турнирот во Бризбејн, а Бастијан паузата од професионалните обврски ја користи за да биде со својата девојка.
Капитенот на германската фудбалска репрезентација неколку пати тајно го посети Белград, каде што се состана со родителите на Ана. Секој слободен миг парот го користи за да бидат заедно, а колку се двајцата среќни во нивната љубов, може да се види на секоја нивна заедничка слика.



