Македонецот Филип Божиновски во последното издание на „Ѕвездите на Гранд“ ги покажа своите вокални способности и го крена жирито на нозе. Младото момче на кое победата во македонското шоу „М2 – Потрага по ѕвезда“ не му донесе некоја афирмација, блесна во регионалното издание на познатата српска продукција.
После неговиот феноменален настап, српските медиуми го прогласија за наследник на Тоше Проески.


