Професор Панде Шахов: Државен испит во Велика Британија – нема!

По серијата настапи на министерот за образование на РМ и премиерот Груевски, во кои се пласираат дезинформации за образовните системи во некои од странските земји, со цел да се убеди јавноста да го поддржи предлогот за државен испит, како и новиот закон за високо образование, чувстувам потреба и должност да го напишам ова обраќање, пишува за Утрински весник, Д-р Панде Шахов, професор на Royal College of Music во Лондон.

Како поранешен студент на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје но, пред се’, како професор по академски предмети на Кралскиот колеџ за музика во Лондон, сакам да придонесам кон расчистување на медиумската магла во врска со предложените измени на Законот за високо образование. Имено, последниве неколку седмици, претставниците на власта и нејзините дежурни поддржувачи пласираа голем број невистини со цел да ја изманупулираат јавноста.

Прво, во едно од интервјуата на премиерот Груевски, беше наведено дека државни испити има во повеќе земји, вклучувајќи ја и Велика Британија. Ова е невистина. Државен испит во оваа земја нема ВО НИТУ ЕДНА ПРОГРАМА ИЛИ ОБЛАСТ. Државната администрација во сите западни земји е многу претпазлива кога се работи за вреднување на стручни параметри. Моите колеги во Британија не можат да замислат дека државни апаратчици можат да предложат, да координираат, да оценат и да унапредат студиска програма и да сакаат да организираат тестирање на универзитетско ниво. Државната администрација во сите демократски земји е составена од мал број политичари (кои се менуваат или остануваат по изборите) и голем број државни службеници (кои се политички неутрални и чија задача е исклучително административна). Државните службеници се столбот на администрацијата затоа што остануваат да работат во институцијата, без оглед на исходот на изборите. Ниту политичарите, ниту административците немаат илузија дека поседуваат стручност, неопходна за осмислување на каква било форма на вреднување на успехот на академски институции или поединци.

Писмото на Д-р Панде Шахов, професор на Royal College of Music во Лондон можете да го прочитате на следниот линк

Најнови вести

Најново од Ракурс, Ударни вести

Најчитани вести