Претседателот на Социјалдемократска младина на Македонија, Стефан Богоев ја искоментира фотографијата на новинарите од Сител во поддршка на магазинот Шарли Ебдо, чии 10 карикатуристи, уредници и новинари беа убиени во терористичкиот напад вчера.
Претседателот на подмладокот на СДСМ им порача на новинарите дека се лицемерни.
– Кога полицијата кршеше, апсеше и упаѓаше во А1, вие раце триевте и допринесувавте со вашата пропаганда за докрајчување на 4 медиуми! Безброј пати криевте убиства и тепачки, како случајот со Мартин Нешковски. Незнам дали е смешно или трагично што сега сте наводно против она што се случи во Париз и сочувствувате!? Различна е формата ама иста е суштината!- напиша Богоев.



