Убиената медицинска сестра имала малолетно дете

32 годишната жена која вчера беше убиена на Детската клиника во Скопје не била фрлена од покривот. Телото било оставено на покривот од каде во бесознание ја презела лекарска екипа и ја однела на реанимација во одделението за интенивна нега на Детската Клиника.

Според информациите, лекарите два часа се обидувале да ја реанимираат, но не успеале да и го спасат животот.
Осомничен за убиство на 32 годишната девојка од Петровец е 22- годишниот Н.К.од истото скопско село.

Според неофицијалните информации, тој со 32 годишната жена која работела како медицинска сестра на Детската Клиника се качил на покривот на зградата. Таму почнале жестока расправија. Пртпоставките се дека тој ја задавил. Кога увидел што направил, се заканил дека ќе се самоубие. Им дозволил на лекарите да го земат нејзиното тело и да го однесат на реанимација.

Била повикана полиција.

Потоа подолг период стоел на покривот и се заканувал дека ќе се самоубие. Полициските специјалци на крајот успеале да го одвратат од намерата да си го одземе животот, го спуштиле на земја и го привеле.
32 годишната медицинска сестра која беше убиена имала малолетно дете.

Извор: Либертас.мк

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести