На Пејџ Џенингс не и беше доволно добра работата што ја имаше. Таа поднесе оставка овој месец во компанијата „Lazard Assets Management“ и одлучи да се обиде во индустријата на филмови за возрасни. Пејџ, која себеси се нарекува Вероника Вејн, со ова се пофали на својот Твитер и откри интересна причина.

– Штотуку се откажав од мојата работа на Вол Стрит за да направам кариера во порно филмовите, бидејќи не можев да престанам да мастурбирам на работа – напиша Пејџ на Twitter.
Пејџ од 2 јуни, 2014 до 9 јануари 2015 година, работеше во инвестициска компанија, а кога се повлече, напиша на Твитер: “Давам отказ пред да ме отпуштат.”
На Твитер објави фотографии на кои позира полугола во бањата на нејзината компанија, но кога почнаа да пишуваат за неа, таа ги отстрани.


