Само еден месец откако ја роди ќеркичката, Никола Пишек изгледа како манекенка.
На фотографиите направени пред зградата на Б92, водителката е облечена во интересна комбинација на црно и тегет.Елегантниот црн капут ја нагласува нејзината тенка половина, додека тегет чизмите со високи потпетици уште толку ги истакнуваат нејзините витки нозе.
– Секогаш сум била витка, а во бременоста внимавав на исхраната. Важно ми беше да внесам се што е потребно за правилен развој на бебето – за Ало изјавила Пишек.




