(ГАЛЕРИЈА) Масовен протест пред Владата во знак на поддршка за Кежаровски

фото: Бриф.мк/Илин Николовски

Голем број на граѓани денеска се придружија на протестот под мотото „Слобода за Кежо“.

Новинарите со бели балони во рацете од Апелацискиот суд се упатија пред Владата, каде што тие беа пуштени, заедно со пораката „Слобода за Кежо“. Томислав Кежаровски им се придружи на колегите и слободоумните граѓани кои се собраа да му дадат поддршка по судските пресуди.

Насобраните извикуваат „Нема правда, нема мир“, а претседателката на самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Тамара Чаусидис, рече дека Кежаровски откако почнал да пишува за причините за смртта на Никола Младенов не видел бел ден.

Новинарите од протестот порачаа дека не се задоволуваат со помала казна за Кежо, туку само со слобода.

фото: Бриф.мк/Илин Николовски