Австралиски рибари биле шокирани откако уловиле редок вид на ајкула, која имала 25 редови остри заби и шест пара шкрги, објави „Индепендент“.
Суштеството, кое вообичаено живее на големи длабочини во водите на Тихиот и Атлантскиот Океан, го уловиле на 700 метри под површината на Пацификот, во близина на брегот на австралиската сојузна држава Викторија.
Овој вид на ајкула, познат уште како и „жив фосил“, е потомок на праисторските морски суштества кои живееле уште пред 80 милиони години. Таа се храни со риби и мекотелни животни и има растеглива вилица со над 300 заби, кои потсетуваат на игли, така што пленот нема шанси да побегне ако се најде во нејзината уста.


