Локалните жители во Саратов беа сведоци на необична појава. Во градот кој се наоѓа на 850 километри од Москва, падна портокалов снег.
Во обласниот центар за хидрометеорологија и мониторинг на животната средина го објаснија настанот со минувањето на циклон од Западна Сахара над регионот. Воздушната маса од Сахара, полна со прав, откако примила еден дел песок и влага, падна на европскиот дел од Русија и Кримскиот полуостров.
Според метеоролозите, жолто-портокаловиот снег нема да му наштети ни на човекот, ни на животните.


