Први.мк објави видео од социјалните мрежи, на коe се гледа како неколку студенти влегле на предавање кај професорката на Правниот Факултет, Тања Каракамишева.
– Нивна цел била таа да им даде одговор за тоа што значи членот 46 од Уставот на Република Македонија. Откако таа ги игнорирала и наместо одговор продолжила со предавањето, студентите почнале да се шегуваат со нејзината „сестраност“ која според нив ја покажувала како радиски-водител, па почнале да ја прашуваат за тоа каков е нејзиниот став за новиот албум на Цеца – пишува Први.мк.
Инаку, членот 46 од Уставот ја дефинира автономијата на Универзитетите.


