Ким Мехмети: Чудно како овој пат ДУИ не бара вклучување на експерти на ФБИ

Чудно но истовремено и затрашувачко: македонската опозиција обелодени докази за да докаже дека овој режим прислушкувал над 20 илјада граѓани, но се чини дека таа не е доволна „бомба” за да сфатиме дека живееме во држава која станала сопственост на едно семејство, а кое семејство, сите нас не смета за свои послушни „поданици”?!

Но, како и секогаш, преку соопштение за јавноста реагираше ДУИ, која е дел на овој режим, при што вели дека внимателно ги следи политичките случувања во земјата и ги осудува сите незаконски дејанија и газења на човековите права?!

Чудно како овој пат не бара вклучување на експерти на ФБИ за да помогнат при разјаснувањето на вистината за „бомбите”! Но уште почудно е тоа како ние овдешните Албанците не сфаќаме дека токму ваквиот став на ДУИ, ја разоткрива нашата несреќа: во владата на ВМРО-ДПМНЕ ние имаме обични „набљудувачи”, а не градители не правна држава и бранители на нашите права!

Но, како и да е, ако не друго, овие „бомби” ќе ја разголат големата вистина дека една држава која има “раја”, но не и граѓанство, кога и да е прераснува во “креатура”, каква што е денешна Македонија, и како таква, станува сопственост на партиските „бандити”.

Впрочем само во една таква држава се бараат дополнителни „детонации”, само во едно такво општество експлодираат скоро секојдневно „бомби” налик на затворањето на ТВ А1, апсење на цели семеjства, случаи како „Монструм”, проекти ала „Скопје 2014”…. а „рајата” ништо да не види и да не слушне!

Фејсбук статус на Ким Мехмети

Најчитани вести