Ракометарката Мечевска паднала од петти спрат, се бори за живот

Ракометарката на Вардар и репрезентативка Робертина Мечевска паднала од петти спрат, па во моментов се бори за живот во Ургентниот Центар во Скопје.
Долгогодишната членка на нашиот национален тим не се појавила на денешниот тренинг на „вардарки“, кој бил прекинат веднаш штом се дознало што всушност се случило со Мечевска.

robertina_mecevska

Шокантниот настан се случил пред нејзиниот стан во скопската населба Острово, од каде Мечевска веднаш била пренесена во Ургентниот Центар во Скопје.
Според првичните информации таа има сериозни повреди на градниот кош. Не се познати околностите под кои се случила оваа несреќа. слу

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести