Зошто биле следени Ставрески и Јанкулоска?

На вчерашната прес конференција организирана од СДСМ беше презентирана аудио снимка од телефонски разговор помеѓу вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Некој ги прислушкувал телефонските разговори на двајцата министри кои раководат со најважните ресори во оваа држава.

Според адвокатаот Мирослав Вуиќ, овие снимки, во судската пракса се обезбедуваат ако јавниот обвинител или истражен судија побараат спроведување на посебни истражни мерки, како што се тајно набљудување и снимање.

– За спроведување на овие мерки треба да постои основано сомневање дека некој сторил кривично дело и да биде неможно таквите докази да бидат обезбедени на друг начин, односно од други извори. Во тој случај ваквите снимки можат да се употребат на суд како доказен материјал за одредено кривично дело и обвинет – вели Вуиќ.

Дали некој се сомневал во законитоста на нивното работење или можеби нивната лојалност?

Тргнувајќи од тврдењето на лидерот на опозицијата, Зоран Заев, дека презентираните аудио снимки, меѓу кои и телефонскиот разговор помеѓу министрите Ставрески и Јанкулоска, се направени од службите на УБК, со што се сложуваат и повеќе експерти од оваа област, се поставува прашањето издадена ли е наредба за спроведување на ПИ мерки врз министрите од македонската влада. Кој ја издал таа наредба?

Несфатливо е скандал од овој формат да не предизвика реакција на јавното обвинителство. Имено јавниот обвинител Марко Зврлевски, изјави дека чека писмен поднесок од СДСМ за кривична пријава.

– Јавниот обвинител уште денеска требаше да излезе и да ја почне процедурата за да утврди кој и по чиј налог е снимен овој материјал – истакна адвокатот Вуиќ.

Според него, јавниот обвинител требаше веднаш да постапи „по допрен глас“ или член 30 и 35 од Законот за јавно обвинителство, и член 42 од Закон за кривична постапка, каде што по сила на закон тој има право за вакви работи од јавен интерес, сам без било каква пријава, да покрене постапка со која што ќе утврди дали постојат елементи на кривично дело или основано сомнение за лицата кои што се прислушувани.

– Меѓутоа што во конкретниов случај да утврди и кого да затвори? Се знае надлежните институции кои што можат или што можеле да ја направат оваа снимка – рече адвокатот Мирослав Вуиќ.

Најнови вести

Најново од Ракурс, Ударни вести

Најчитани вести