Јанкуловска мора да си поднесе оставка, дозволила зад грб некој да ја контролира

Откако се дозна дека и министерката на полицијата Гордана Јанкуловска била прислушувана,таа веќе нема авторитет да остана на чело на полицијата.

Не може да тврди дека е способна нас да не заштити од прислушување кога не е способна за себе си тоа да го обезбеди.

Во ваков случај се поднесува безусловна оставка на функцијата и јавно се соопштува дека некој зад нејзин грб создал паралелен систем во кој и таа била под контрола.

Сега е време да се дополни Законот за лустрација, познат како Закон за дополнителни услови за обавување на јавна функција. Со дополнувањето треба само да се продолжи опфатотот и на лица од 2006тата до денес.

Врз основа на тие измени Томе Аџиев ќе може под итно да го лустрира Никола Груевски како наредбодавач. Бидејќи Груевски наредил да бидат прислушувани луѓе( опозицијата) од идеолошки причини, по лустрирањето тој ќе нема право да се кандидира за било која јавна функција и да учествува на следните избори.

Фејсбук статус на Ѓорѓи Спасов

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести