Поп ѕвездата Наташа Беквалац се омажи за своето момче Љуба Јовановиќ.
Граѓанскиот брак го склопиле во најголема тајност, дознава Свет
Колку венчавката била тајна зборува и податокот што на овој чин не присуствувале дури ни родителите на Наташа и Љуба, како ни блиските пријатели, туку само кумовите.
Наташа и Љуба беа заедно неколку месеци пред три години. После разделбата секој тргнал по својот пат и на почетокот на минатата година сфатиле дека не можат еден без друг и од тогаш уживаа во својата љубов.


