Студентскиот пленум прогласи автономна зона на Филолошкиот и Филозофскиот факултет, а прекин на наставата има на Правниот факултет „Јустинијан Први“.
– Универзитетот треба да претставува бастион на критичката мисла која води кон напредок, место каде не те учат што да размислуваш туку како! Затоа сметаме дека е нужно да се прогласи автономна зона за симболично ослободување на универзитетот. Прогласуваме автономна студентска зона и универзитет под студентска контрола! Овој пат дефинитивно ја прекардашија и нема да им помине – рекоа студентите.
Студентите ја поминаа првата ноќ во автономната зона на Филолошкиот и Филозофскиот факултет

Фотографии од првото утро на студентите и професорите кои ги објави професорот Небојша Вилиќ.
Утринско – автономен поздрав !

Добро утро јунаци! – е еден од коментарите на „Фејсбук“
Во опуштена и пријатна атмосфера тие ја поминаа првата вечер во автономната зона на Филозофски факултет. Распослани по аулата на факултетот слушаат музика, разговараат, некои цртаат, други читаат книги…






