Вчера околу 21,30 часот, во Скопје во близина на бул. „Јане Сандански“, група непознати лица каменувале такси возило во кое се возеле В.Н.(18) од Скопје заедно со уште две лица, при што било скршено ветробранското стакло.
По ова, непознатите лица со уличен контејнер му го попречиле патот на возилото и откако истото било сопрено, истите со употреба на физичка сила ги нападнале патниците, нанесувајќи му телесна повреда на В.Н.
По преземени мерки од страна на СВР Скопје приведени се три лица Н.Т.(16), С.Ц.(16) и С.Н,(17) сите од Скопје, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Се преземаат мерки за утврдување на идентитетот и на други лица учесници во насилството.
Извор; Prvi.mk


