Не се згрозувајте од власта, туку од тоа што сте биле „неопределени“ и сте молчеле пред несреќите на уништените од режимот!

Не се згрозувајте од местенките кои што го урнисаа уставниот поредок во државава,ја загрозија елементарната безбедност на секој поединец и направија зомби народ од секој што не е инволвиран во овие злодела,а верува во правдата и демократијата !

Згрозете се, зошто сте биле “неопределени”, слепи при здрави очи ,зошто не сте виделе со кого си имаме работа,зошто сте молчеле,а само ретките петли пееле и страдале,зошто сте ги величале и сте им верувале на неранимајковците,зошто не сте реагирале кога пред ваши очи се ова се случувало , а сте верувале дека вас ке ве заобиколи , зошто сте затворале очи пред несреќите и страдањата на илјадници и илјадници луѓе -уништени и унаказени од Режимот !!!

Особено треба да се згрозат оние што гласале за нив, што ги поддржувале, јавно или тајно,што ја поткопувале борбата на слободоумните луѓе бранејќи месии и пророци, градејќи култови и светилишта, верувајќи на лагите и на измамите на оние, кои според својата позиција-опозиција, требало да знаат за сето ова, ама не допреле, не нашле начин или не сакале да допрат до народот и со вистински зборови да ја соопштат вистината за Режимот што ја јавна Македонија !!!

Нека се згрозат оние што само лајкаат според политичката конјуктура, што збор свој, свој став , немаат напишано на јавно место,што немаат излезено на улица со оние што страдаат,,,ама се многу упорни во делењето ум и проектирањето политики!

Не си го губете времето на тоа,,кој е од каде и дали е сељак или државник,,слушајте кој што говори и каков ризик презема за да се спасиме од ова зло,,,најголемото во долгата историја на Македонија !!!

Фејсбук статус на Слободан Трајковски

Најчитани вести