Легендарната реченица на министерката за внатрешни работи „Работиме согласно Уставот и законите“ заминува во историјата, исто како и нејзиното деветгодишно владеење.
Сите политичари се свесни или барем треба да бидат, дека во моментот кога ќе се појават на политичката сцена, започнуваат да го одработуваат своето место во историјата на земјата. Дали ќе бидат запишани на страната на модерни, прагматични и успешни или на спротивната, зависи од нив самите. Или со дпмнеовски жаргон, дали ќе бидат патриоти или предавници одлучува секој сам.
Каква била одлуката на министрите од ВМРО-ДПМНЕ и останатите знаат само тие самите. Но, јас знам како тие одработија во изминативе девет години. Губитнички. Губитнички за себе и за жал, губитнички за Македонија.
Преродбата која ја најавуваа, па и неколку пати ја надградуваа и прошируваа заврши. На крајот од секоја прослава, се испорачува сметката која некој треба да ја плати. Еве што ќе плаќа македонскиот народ во следните години:
Последици од контролирана и партизирана полиција, единствено обучена да следи и прислушува 24/7
финансиско задолжување од преку 100 милиони евра
грди и лажни барокни фасади преку кои се испраа милиони евра, кои завршија кај фамилијата
судство кое пишува нарачани пресуди
новинари кои објавуваат текстови и прилози напишани во штабот на ВМРО-ДПМНЕ
масакрирано образование во кое да имаш знаење не значи ништо, ако немаш партиска книшка на ВМРО-ДПМНЕ
колабирана економија „благодарејќи“ на секојдневните казни и инспекции
тажни човечки судбини, прерано згаснати животи заради „реформите во здравството“
празна државна каса заради полните сметки на фамилијата
политички затвореници заради фрустрациите на властодржците.
Или во една реченица, завршната сметка од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, што повеќе наликува на дивеење е: диктатура, сиромаштија и страв.
Не можам, а да не им се обратам на оние „загрижените” за Македонија што ја бранат од СДСМ, а ги штитат криминалците, па здравје на своите внуци ќе раскажуваат како ги бранеле оние што ја опустошиле Македонија.
“Загрижените” очигледно ја игнорирате содржината на снимката објавена од страна на Зоран Заев ама ај тоа па и него не слушате што зборува, ама ако некогаш убаво ја преслушате ќе слушнете:
-договарање за кој да биде врховен судија од шеф на контраразузнавање, што е најдиректно мешање на извршната и судската власт
– Заев не кажа дека Мијалков и Груевски не се на снимките туку дека не постои разговор меѓу нив
Но секој тунел има свој почеток и крај. Крајот на овој тунел се гледа. Местото во историјата на властодршците од ВМРО-ДПМНЕ им е веќе обезбедено како најголемите предавници на македонскиот народ.
Ние сме силен и непоколеблив народ. Како и многу пати досега, и овој пат ќе ја добиеме битката за слободата и демократијата. Борбата веќе започна, првите две бомби ја најавија слободата, а на нас останува да се приклучиме кон таа борба, друг излез немаме вистината за Македонија ќе се дознаее овој народ мора да ја знае! Слободна Македонија за сите нас!!!
П.С #Шител од #СДСМ и #ЗЗ не треба да се плаши обичниот народ туку криминалците кои вие ги браните 9години.
Митко Бојмацалиев
Извор: Плоштад


