Богатите децa на социјалната мрежа Инстаграм веќе долго време го привлекуваат вниманието на јавноста со објавување на фотографии на кои се гледа нивниот луксузен живот.

Особено нивните посети во најгламурозните градови, раскошни ресторани и новата гардероба. Младите милионери истакнуваат дека луѓето сакаат да ги мразат, затоа што сметаат дека се фалат со својот живот на висока нога.

-Мислам дека не треба да ме осудуваат поради тоа што сум објавил слика на која јадам кавијар во Лондон, додека е сосема во ред кога некој друг објавува фотографија од Мекдоналдс“, рекол 22-годишниот Ендру Варен, наследник на царство на недвижнини во Њујорк.


