Што луѓе сте, штом можете без срам да величате ужасија?

Што ви е бре луѓе?

Лекари, професори, актери, интелектуалци, што ви е? Што луѓе сте, штом можете без срам да застанете и да величате ужасија, правдате погрешни чекори и наоѓате алиби за сите оние кои од животот на оваа почва прават хорор сценарио? Во името на што станувате апологети на она што е просто ужасно и не може со ништо да се оправда? Во името на што браните образование, паднато на колена, урнисано и ставено во безизлезен лавиринт, полн со импровизаци и недоречености? Во името на што застанувате во одбрана на лекарски грешки, невидена ароганција на надлежните кои бркаат бубашваби низ болниците, додека деца умираат чекајќи милост? Во името на што станувате стихоклепци за воспевање на животна убост во оваа затапена земја, додека луѓето јадат од контејнер? Во името на што на гладниот му велите дека нема гладни, додека празните му очи талкаат за да најдат корка леб за децата? Во името на што застанувате зад сите непоправливи утки кои се втемелија во начинот на живот на сите нас? Во името на што не го осудувате она што само тоа го заслужува, додека заборавате дека се е минливо, а само последиците се трајни?
Во името на што не се срамите?
Јас се срамам. Се срамам од вас.

Фејсбук статус на Елизабета Секирарска

Најнови вести

Најново од Ракурс, Ударни вести

Најчитани вести