Утрото на 1 август, околу 3 часот со сопругот не разбуди ѕвонење на телефон. Знаевме, не е на арно. Имавме искуство со апсењето на Велија, со упадот во А1…имавме искуство со владеењето на Груевски, ноќе, на празник, кога не се работи…тогаш делува тој.
Овој пат беше Фијат, растревожен вели – Ќе ми го рушат „Космос“… беше прв ден Рамазан
За кратко време бевме таму, полицискиот кордон веќе беше поставен, го чуваа патот кој води до објектот каде што луѓе почнаа да работат, да подготвуваат за рушење.

Дојдоа и најблиските луѓе на г-дин Цаноски, адвокатката, фамилијата…малку е да се каже дека беа нервозни, растревожени, лути, беспомошни…И тие знаеја со кого имаат работа.



Пишува: Ленче Николовска


