Ја слушам новинарката од Алсат-М, онака директно, ко што му личи на професионален новинар а не труба на власта, директно во очи го прашува пастирот – Ќе се изјасните ли, ваш ли е гласот на снимките од бомбите?
Да, да, тоа е вистинското прашање сега за премиерот кој 9 години живееше во облаци, беше уфилман а додуша и сесрдно му помогнавме да мисли дека само небото му е лимит.
Одговор доби, чувте вие кои што ги следите професионалните, а не телевизиите кои се негови измеќари. Нема да ни кажел оти така требало. Аха, има право човекот, по којзнае кој пат се крсти во послушникот, неговиот Зврле, кој приметувате, откако се појавија бомбите, исто ко оној прецедникот Хорхе, го снема, не бекнува. Чинам човекот чека инструкции од лабораторијата на Грујо, некои нови „ОТКРИТИЈА“ за внатрешниот непријател, кој ете признал тој или не го ИЗЛУСТРИРА, го разголе ко Прометеј кога осамна онака без гаќи пред да му облечат.
Мене лично реакцијата на Грујо, играта во која за да си ја спаси кожичката негова и на неговите околу него ич не ме изненадува. Ќе беше чудно, тој џилкош од предградието на Скопје, да покаже доблест, да си признае, и топтан сосе неговите да си ЗАМИНЕ.
Толку злоба, толку нечовечност, толку поигрување со човечки судбини, можеби имал и порано, но не верувам во ваков облик и да ми простите, толку бездушно и простачки.
За мене ич не е важно кои се тие што снимале, само можам да им речам едно големо БРАВО, оти направија чекор за да си ја одбранат државата од една АЗДИСАНА фамилија што ја има приватизирано државата а со неа и нашите судбини. Снимките го откриваат самоволието на премиерот и бескрајната понизност на неговите најблиски соработници во неговите сулуди идеи и одмазди кон неистомислениците. За иднината на државата тоа е важно, да имаме нормална власт, која ќе биде сервис на граганите, а не ние да бидеме само нивни предмети за задоволување на нивната алчност и забеганост.
Да сум јас на местото на Груевски, ќе се повлечам без разлика што понатаму ќе ми се случува и ќе оставам државата и институциите што сум ги клекнал и седнал во својот скут, да се дигнат од нула и да помогнат државата да профункционира.
Целата колумна на Ацо Кабранов на следниот линк
Извор: Либертас


