Само мајка Нада може да не спаси!

Македонија има проблем, во политичка криза е, легитимитетот и кредибилитетот на Премиерот и на Владата се сериозно урнисани. Народот и светот се загрижени за политичката состојба во државата.

Ама Премиерот го изгубил контактот со реалноста, нема повеќе ни легитимитет, а нема ни морал ни чест, не си оди од функцијата, за инает не дава оставка. Не помагаат ни страшните откритија на опозицијата за ‪#‎ВистинатаЗаМакедонија‬, за криминал, корупција, директен атак врз судство, прислушкувани и манипулирани новинари и медиуми, атак врз политички поедници, одмаздољубивост и затворски казни кон неистомисленици, изборни измами, мегаломански трошења, небулозни задолжувања на државата, прислушкувања од епски размери, светот ни се чуди. Не помагаат ни загриженоста на аналитичари, новинари, поединци, интелектуална јавност, политичари, не помага ни изгубената доверба од граѓаните и излагањето на потсмев од сите нив, со министри тужибаби, и братучед чудак. Не помагаат ни дипломатските опомени од меѓународната заедница и постојаните апели од нив. За дијалог со опозицијата веќе е касно.

Време е мајка му Нада да го потапша по рамото, и да му рече, синко, време е да си одиш, доста е. Не се прави со сила будала себе си, цела твоја влада и цел народ Македонски, играта заврши. Напушти ја Илинденска б.б. и прибери се дома. Друг авторитет за него јас не гледам. Тешко нас, тешко на народот, сите демократска и правна држава имаат, та и ние во Македонија.

Фејсбук статус на Наташа Струмениковска

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести