Девет години Македончиња

„Благодарение“ на овие што не следат и прислушкуваат, веќе девета година сме поделени на патриоти и предавници, на Македонци и Македончиња, и на што ли уште не. Тоа е така затоа што нивното главно мото е: Раздели па владеј.
Веќе деветта година државата ни на ја водат Македончиња, а не Македонци патриоти, бидејќи не се работи ни за името, ни за патриотизам туку за пари, повеќе пари и само за пари се работи.
Властодршците да беа вистински патриоти и Македонци немаше пола Македонија да ја продадат на странци, а фабриките од другата половина да ги претворат во робовладетелски, пак во полза на странците!
Ако пред нецела година победеше волјата на народот, наместо да беа украдени гласовите на опозицијата, денес Македонија ќе ја водеа луѓе Македонци, луѓе патриоти кои си ја сакаат државата, луѓе кои не се во политиката за пари и лечење фрустрации од детството. Денес во Македонија домашните инвеститори ќе беа во предност пред странските, денес субвенции ќе се добиваа тогаш кога им се потребни на земјодлеците, а не селективно само пред избори, денес ќе имавме ефтина струја и преку ден, денес немаше да се полага екстерно, денес младите кои ќе започнуваа бизнис ќе добиваа 10 илјади евра и за тоа немаше да им се бара партиска книшка, денес прво ќе те опoмeнеа па ќе те казнеа и тоа со 50% пониска казна доколку направеше некој прекршок, денес социјалната помош ќе беше поголема за 40%, судството ќе беше независно. Во една реченица денес, со право ќе бевме горди Македонци.
Размислете, во последните 9 години колку животни судбини уништија и колку фамилии растурија!
Во минатото: Шчо напраифне… – Крсте Петков Мисирков
Сега: Арно им направивме – ВМРО- ДПМНЕ

П.С Овие од ВМРО- ДПМНЕ се договараат што да срушат и кого да затворат исто како ја за кафе кога се договарам, кај и со кој да одам.

Митко Бојмацалиев

Извор: plostad.com

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести